Категории

Моден хороскоп за 2016 година: Стрелците ги диктираат модните трендови, Овните ги следат…

Овен

Овните, како и секогаш, ќе ги следат трендовите. Сакате аксесоари, особено оние впечатливите, па ве советуваме да се одлучите за гломазни обетки и прстени кои на вашиот стајлинг ќе му додадат гламур, но и уникатност. Покрај тоа, во новите колекции со сигурност ќе пронајдете удобни обувки, бидејќи знаеме дека не сте големи љубители на високите потпетици.

Бик

Биковите не трошат ниту многу време, ниту пак многу пари на гардероба. Доволни им се пар удобни фармерки (во 2016 ќе има многу различни модели, но се враќаат и оние со висок струк). Вложете пари во добра и квалитетна чанта.

Близнаци

Близнаците не се оптоваруваат со облекувањето, но затоа добриот накит е она што им е важно. Не мора да биде скап и вреден, туку е доволно да им се допаѓа. Пронајдете работилници со уникатен накит и купете си нешто за себе со кое ќе го истакнете вашиот личен вкус.

Рак

Раковите сакаат да бидат елегантни и женствени. Во тоа ќе им помогне чипката како детаљ, која од 2015-тата ќе продолжиме да ја гледаме и да ја носиме и во 2016-тата година. За малку повеќе сексапил, избирајте фустани и блузи со деколте.

2

Лав

Лавовите сакаат впечатливи детали, а бидејќи минатата година повторно ги засакавме шеширите, нека тие бидат еден од аксесоарите кои ќе ги носите оваа година. Сакате скапи брендови, па затоа следете ги попустите за да немате проблеми со парите оваа година.

Девица

Девиците се едноставни, средени, педантни. Носете ролки и џемпери, бидејќи повторно се во тренд, па ги има во изобилие во бутиците, а особено во овој период сè до летото. Својот изглед дополнете го со други кардигани.

Вага

Вагите внимаваат што ќе облечат, дури и кога се дома. Сакаат впечатливи бои, а во тоа ќе им помогнат разните колекции на чевли најавени на модните недели. Проѕирна штикла, впечатлива кожа и детали – слободно комбинирајте.

Скорпија

На Скорпиите најважно им е најпрво да си се допаднат на себе и не се грижат за тоа што другите ќе кажат. Сакаат квалитетна долна облека и сето она што се наоѓа под „маската“. Бидете и во 2016-та година мистични и заводливи кога е гардеробата во прашање.

3

Стрелец

Стрелците обожаваат накит, аксесоари, чанти… не се оптоварени со модните трендови, па затоа им советуваме да започнат свој сопствен тренд, прво во друштвото, а потоа на Инстаграм.

Јарец

Јарците практикуваат класична, елегантна и работна гардероба. Носите проверени кроеви, па продолжете така. Својот омилен крој на панталони, блузи, кошули, пронајдете го во други бои и дизајни, а изгледот дополнете го со марами, чанти или чизми.

Водолија

Водолиите сакаат необична облека, па со сигурност тие ќе бидат први помеѓу своите пријатели кои ќе испробаат некој нов моден тренд од модните блогерки. Сакате да трошите многу пари на нови работи, па бидете малку поумерени, бидејќи не се исплатува секое ново парче што ќе го видите во излогот.

Риби

Рибите сакаат цветни дизајни и бисери, па и следното лето ќе ги гледаме во удобни патики и лелеави фустани. Хипи стилот ви стои најдобро, па држете се до него и во новата година.

4

Прегледи:
584
Објавено на:
07.01.2016