„Мојата душа твој дом“

BeFunky_photo_91464784_1.jpgДа љубиш толку длабоко значи да направиш место во твојата душа за некој да се вдоми внатре. Да му дозволиш да створи свое скривалиште и да ги обои ѕидовите во бојата на љубовта, а на нив да постави слики од своите соништа.. И без да забележиш тоа место засекогаш ќе остане негово. Таму засекогаш ќе бидат засадувани моменти а врз нив ќе никнуваат спомени кои ќе будат бурни чувства.. Такви кои ќе ти провлекуваат ноншалантни насмевки а и такви од кои секоја ноќ ќе заспиваш на мокра перница. Но што ако замине? Што ако таа личност реши да го напушти домот во твојата душа, што ако ги спакува во куфери своите соништа и си отиде? Што се случува со тоа место чија градина ги има најубавите и најмиризливи цвеќиња?  Веќе тоа место не ќе може да припаѓа никому, тогаш се’ се претвора во пустош а душата ќе ти стане само колекција од напуштени домови..

– Кукла од Памук

http://kuklaodpamuk.blogspot.com
https://www.facebook.com/kuklaodpamukblog




Коментари

коментари