Морате да ја пробате: Маска за лице од кал

 Во текот налетниот период доста е важно лицето да се чисти темелно и да се отстранува вишокот себум. Одличен производ за таа намена се маските за лице со кал кои имаат бројни предности во негата на кожата.

 

Калта од Мртво море е познат по своите делотворни својства уште од времето на кралицата Клеопатра, таа длабински ги обновувува внатрешните слоеви на кожата и лечи од бројни кожни проблеми. Освен што нуди екфолирање таа лечи акни, митесери и го подмладува изгледот.

Овој произвот спдржи големо количество минерали кои се клучни фактори за одржување на виталноста на кожата. Глината содржи вкупно 21 минерал меѓу кои калциум, магнезиум, калиум, кои ќе ја нахранат вашата кожа како никоја друга маска.

Маските од кал се идеални за оние кои страдаат од кожни болести како псоријаза, затоа што имаат значаен регенеративен и стимулирачки ефект кој го враќа природниот изглед на кожата..

Освен што го отстрануваат вишокот себум,овие маски нудат одлична природна хидратација што ќе направи вашето лице да изгледа свежо и ќе му даде природен здрав сјај.




Коментари

коментари