На овој начин дури и страствените пушачи можат да ги обноват белите дробови

Исхраната која е богата со овошје и зеленчук носи низа здравствени бенефити, од намалување на ризикот за рак на кожа до зајакнување на имунолошкиот систем. Тие намирници можат да ја обноват и функцијата на белите дробови на поранешните пушачи.

Секоја година речиси 55% од пушачите се обидуваат да престанат да пушат. Откажувањето од цигарите драматично го намалува ризикот од болестите на плуќата, од хроничните болести па се до ракот. Здравјето на беелите дробови по престанувањето со пушење е тема која предизвикуа голем интерес.

Белите дробови започнуваат да се опоравуваат веднаш по гасењето на последната цигара, но процесот на потполно опоравување е спор и може да трае со години. Исто така, престанувањето со пушење не го брише потполно ризикот од развој на болести поврзани со пушењето.

Некои научни истражувања покажале дека исхраната богата со зеленчук и овошје, особено со јаболки, го намалува ризикот од болести на белите дробови на поранешните пушачи, а исто така го успорува природното слабеење на нивната функцијата. Ова исто така важи и за личностите кои никогаш не пушеле.

Идеалната формула е два домати и три свежи плодови овошје дневно.




Коментари

коментари