На овој начин може да уживате и да се подмладите истовремено

Виното не е само пијалак кој предизвикува задоволство. Освен по извонредниот вкус, црвеното и белото вино се добро познати и по своите терапевтски својства.Низ вековите, виното се користело како антисептик и седатив за ублажување на депресија, хипертензија и реума.

Јулиј Цезар овој напиток задолжително го препорачувал на својата војска за да ја зголемат силата и да се спречи опасната заразна болест дизентерија. Покрај лековитите својства, неодамнешните студии укажуваат дека на лушпата на црвено грозје се наоѓаат состојки кои го спречуваат процесот на стареење.

Поради сите овие придобивки од виното, Hotel Russia Beauty & Spa салонот, ви овозможува да уживате, а истовремено да се подмладувате со винската масажа. Во оваа винска терапија се користат разни масти и екстракти од лоза, органско грозје (без хемикалии) и семки, како масажни масла кои придонесуваат за ваша релаксација, но и долготрајни ефекти на вашето здравје и кожа.

Оваа масажа претставува една од најпрестижните масажи која предизвикува уживање и релаксација. Покрај фактот што Hotel Russia Beauty & Spa салонот ја оживува античката употреба на грозје и вино за нега на кожата и релаксација, во месецот на виното и љубовта тие нудат одлична понуда која вклучува намалување од 50% на дневната спа карта и чаша вино. Ова е одлична шанса  додека уживате во вашата винска масажа, да уживате и во вкусот на селекцијата на бели и темни македонски вина кои се достапни во Хотел Руссиа. Не ја пропуштајте оваа можност да покажете внимание и љубов на уникатен и романтичен начин кон вашата сакана личност изненадувајќи ја со масажа во парови.


Освен винската масажа која воедно претставува еликсир на младоста и се препорачува да ја практикувате често, во Hotel Russia Beauty & Spa салонот можете да уживате во најразлични видови на третмани. Доколку сакате да се опуштите од стресот тогаш тоа што ќе ви ја врати енергијата се релакс масажите како што се кралскиот третман, масажата за парови, масажата на длабоко ткиво, чоколадната масажа и рефлексо – терапијата, а доколку имате болки и сте физички активни, специјалните медицински масажи ќе го забрзаат процесот на заздравување од повредите.

Терапијата која ја добивате при масирањето е повеќе од обична масажа, придонесува вашата кожа да остане здрава, еластична и сјајна. Здравјето и убавината се драгоцени, затоа грижата за нив препуштете им ја на најдобрите. Закажете ја својата винска масажа во Hotel Russia Beauty & Spa салонот и задржете го младешкиот изглед.




Коментари

коментари