На што да внимавате кога купувате нова ташна

Ја носиме секој ден, по цел ден и поради тоа таа мора да биде подеднакво применлива во секаква прилика: како деловна ташна, но и како ташна за излегување на пијалок после работа со пријателите, прошетка, шопинг..
Дневната ташна е еден од клучните стилски елементи во сечиј плакар а со обзир на тоа мора да се задоволат цела низа критериуми како таа не би излегла од уботреба веднаш по нејзиното купување. Ташната не смее да биде претешка или прелесна, нити прескапа но ни преевтина, мора да одговара во комбинација со поголемиот дел од вашата гардероба, чевли и модни додатоци. Ако обратите внимание на сите овие критериуми, ќе ја најдете ташната по ваша мера која ќе ја користите уште долго.

Каков е вашиот животен стил?
Дневната ташна мора да се прилагодува на цела низа ситуации па не е на одмет да разлислите за тоа како изгледа вашиот просечен ден, но и недела. На пример премногу „деловната“ ташна ќе изгледа смешно за време на викенди, комбинирана со лежерни патики и фармерки.

Црната не е единствената боја на светот
Иако ви се чини најпрактична, ташната во црна боја е всушност премногу ограничувачка: Не е најприкладен избор за топлите месеци, а во комбинација со повеќето светли бои делува помалку смешно. Размислете за јакните и капутите кои планирате да ги купите и остатокот од вашата шопинг листа па ускладете ја според нив. Крем ташната е секогаш одличен избор затоа што се вклопува во поголемиот дел од колористичните комбинации, но исто така ќе изгледа одлично и во зимскиот период кога носиме потемни бои.

Тежината на ташната
Познато е дека жените се склони кон преоптоварување на ташната поради тоа што во неа го носат поголемиот дел од се што поседуваат. Поради тоа не е на одмет да обрнете внимание на тежината на самата ташна – ако е тешка додека е празна, замислете каква ќе биде кога во неа ќе ги ставите сите работи кои вообичаено ги носите со себе. При купување на нова ташна секогаш внимавајте таа да е дволно лесна и комфорна за носење кога е празна.

Ташна која ќе ви трае долго
Со оглед на тоа што ја носите стално и секаде, ташната која ќе ја одбере мора да биде издржлива што обично значи дека треба да биде и нешто поскапа, но запомнете дека се работи за инвестиција која секако ќе ви се исплати. Ташните од уметнички материјали се секако многу поевтини, но траат многу пократко отколку оние изработени од поквалитетна кожа. Таквата ташна можете да ја ставите секаде без страв дека ќе се оштети.

Исбробајате ја неколку пати
При купување на нова ташна треба да постапите исто како кога купувате нова облека. Пробајте ја неколку пати, со кратките и долги рачки. Размислете дали можете да ја вклопите во поголемиот дел од гардеробата и комбинациите кои ги носите. На тој начин ќе можете да процените дали тоа е вистинската ташна за вас.

 




Коментари

коментари