„На Велигден“ од ЏОКСИ, овој пат во женска етно-џез верзија на ПЕПА ДИМИТРОВА (ВИДЕО)

Пепа Димитрова ни ја представи познатата песна на Џокси, „На Велигден“ во една модерна, етно-џез верзија, “од женски агол“. „На Велигден“ ми е една од омилените македонски евергрин песни.“ -вели Димитрова. „Иницијаторот беше Џокси, кој по настапот на Охрид фест, ми рече дека му се допаѓа бојата на мојот глас и дека би сакал да ја препеам неговата песна. Чувствував голема одговорност и дадов се од себе да ја испеам песната во едно модерно руво, како што јас ја чувствувам.“ Песната е снимена во студиото студиото Ентерпрајз на Тино Скендеровски, под водствто на Дамир Имери, додека видеото е снимано во продукција на “Енигма Продукција “. Режијата ја потпишува Дарко Масларковски, а зад камерата е Кристијан Тодоров. Монтажата е дело на Жарко Масларковски, додека за колор корекции и постпродукција се погрижи Љупчо Спировски. Во видеото гостуваат познати македонски музичари, меѓу кои Кире Кузманов на саксофон и Стефче Стојковски на гајда, кавал и мандолина.

„Ми беше голем предизвик да ја донесам песната во женска верзија, во еден малку, помодерен ритам, а сепак да не избегаме многу од оригиналот.“ -вели Димитрова.




Коментари

коментари