Категории

НАД ШЕСТСТОТИНИ ДЕЦА ЌЕ ГО ПОКАЖАТ СВОЈОТ ТАЛЕНТ И ЗНАЕЊЕ

Скопје 19. март, 2017 година – Над 600 деца од  Македонија ќе учествуваат на натпреварот организиран од „Бреинобреин Еуропе“ – детска академија за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата, кој по 5ти пат ќе се одржи на факултетот „ФОН“, а  напреварувачкиот дел и свечениот дел во спортската сала „Јане Сандански“, Аеродром, Скопје.

Бреинобреин Еуропе Македонија е Мастер франшизер за програмата која потекнува од Индија и има повеќе од 1100 центри во светот кои ги посетуваат над милион деца. Покрај центрите во Скопје, на истата програма се едуцираат и деца во Охрид, Битола, Струмица, Прилеп, Кочани, Велес, Крива Паланка, Куманово, Гостивар и Тетово со повеќе од 1000 деца вклучени во процесот на едукација преку Бреинобреин програмата која е систематизирана и унифицирана, а се базира на Абакус менталната аритметика и НЛП (наука за процесот на мислењето).

Секоја година традиционално на ниво на Македонија се одржува натпревар за деца на возраст од 4 до 14 години, каде што најуспешните се наградувани со шампионски пехари, златни и сребрени медали.

Фокусот на програмата е насочен кон целосниот ментален и личен развој кај детето преку која се здобива со животни вештини и способности кои ќе ги користи во животот на секое академско поле.

Дознајте Повеќе (Видео)

Бреинобреин натпреварите секоја година се збогатени со присуството на реномирани научници и видни личности кои се инспирација и пример за вистинска вредност која децата треба да ја следат и во личниот пример.

Ве очекуваме на бреинобреин фест 2017.

АГЕНДА ЗА НАТПРЕАВАРОТ

 

Прегледи:
323
Објавено на:
16.03.2017