Категории

Најдобрите 10 вили покрај море во Европа

Малку работи во животот можат да се мерат со тоа да излезете од дома и да се најдете директно на плажа. Или во најмала рака да имате неверојатен поглед на морската шир.

Иако ексклузивните вили кои се наоѓаат низ Европа имаат навистина високи цени за ноќевање, сепак ништо не нѐ спречува да уживаме барем во нивните фотографии. Ова се најдобрите 10 вили покрај море во Европа.

1. Villa Marta, Коста Брава, Шпанија

Скоро секоја соба во оваа вила нуди неверојатен поглед на Медитеранот. Вилата располага со четири соби, приватен базен и околина со борови.

Куќата нуди екстремна интимност, а е на пешачка оддалеченост од плажата во Аигва Блава. Една вечер во летната сезона тука чини околу 5.400 евра и изненадувачки – не располага со безжичен интернет.

q2

q3

2. Villa Betonia, Менорка, Шпанија

Оваа вила располага со четири спални соби, две бањи и огромна дневна соба со неверојатен поглед на белите песочни плажи. Големата тераса нуди прекрасен поглед на Медитеранот и е совршена за летна скара или уживање во чаша сангрија.

Една недела во оваа вила ќе ве чини 1.300 евра.

q4

q5

q6

3. La Cuve, Корзика, Франција

Стилската вила претставува всушност преуредена винарска визба, која е на чекор од прекрасните плажи во Корзика и пет минутно пешачење до прекрасните барови во Порто Вечио.

Можете да изнајмите еден од осумте апартмани кои вклучуваат две спални соби за неделна цена од 1170 евра.

q7

q8

q9

4. Pirate’s Cottage, Галиција, Шпанија

Камената куќа некогаш била дом на озогласен пират, а во неа сѐ уште можете да ја почувствувате мистериозноста на нивниот живот. Со своите прозорци и засводениот влез, вилата нуди чувство на готика и романса.

Вилата се наоѓа во селото Коркубион и може да биде ваша на една недела за цена од 680 евра.

q10

q11

q12

5. Sandy Bay Cottage, Алграве, Португалија

Оваа вила е нова во портфолиото за 2016 година, а рустичната и приватна куќа има уникатен шарм и неверојатен поглед. Покрај базенот во надворешниот дел има тераса за ручање, од каде можете да уживате во погледот на морето и бродовите.

Цената вклучува собна послуга три пати неделно, а изнесува 1870 евра.

q13

q14

q15

6. Villa degli Oleandri, Амалфи, Италија

Сместена меѓу шармантните обоени куќи кои како да се слеваат од карпите во плажата со црн песок, Villa degli Oleandri е трособен апартман кој се простира на два ката, со елегантно декорирани соби и огромни тераси за уживање со хамоци и прекрасен поглед.

Неделната цена изнесува 4.700 евра, а доколку сакате да поминете само една ноќ тука, тоа ќе ве чини 670 евра.

q17

q18

q19

7. Villa Makarska, Далмација, Хрватска

Оваа модерна вила има пет соби во кои можат да престојуваат 10 гости, а се простира на четири ката. Кога ќе излезете од вилата практично веднаш сте на плажа, па можете да заспивате навечер со звуците на брановите.

Во најзафатениот период оваа вила чини 7.700 евра неделно, а доколку сакате да отидете во друг период од годината, ќе ве чини “само” 3.100 евра неделно.

q20

q21

q22

7. Villa Makarska, Далмација, Хрватска

Оваа модерна вила има пет соби во кои можат да престојуваат 10 гости, а се простира на четири ката. Кога ќе излезете од вилата практично веднаш сте на плажа, па можете да заспивате навечер со звуците на брановите.

Во најзафатениот период оваа вила чини 7.700 евра неделно, а доколку сакате да отидете во друг период од годината, ќе ве чини “само” 3.100 евра неделно.

q23

q24

q25

9. Daios Cove, Крит, Грција

Сместено на рид во облик на амфитеатар, одморалиштето Daios Cove е изградено во стил на традиционалните села, со повеќе од 300 вили и апартмани кои се простираат на осум улички кои се симнуваат надолу до приватна плажа.

Секоја од вилите има приватен базен со солена вода, а цената за една недела се движи од 6.300 евра во ниска сезона, до 12.000 евра во летниот период за семејство од четворица.

q26

q27

q28

10. Summer House, Калимнос, Грција

Оваа традиционална куќа на северот на Калимнос нуди прекрасен поглед на морето, кое се наоѓа на само 60 метри од вилата. Цената се движи од 60 евра за ноќевање во ниска сезона, до 77 во летната сезона.

q29

q30

Прегледи:
1296
Објавено на:
27.07.2016