Најдоброто од Audrey Hepburn

Одри Хепберн е една најпознатите модни икони на 20-иот век. Безвременска убавица која плени со својот шарм и префинет изглед. Класиката отсекогаш била нејзин адут а нејзиното второ име е елеганција. Кога ќе ја споменеме Одри веднаш помислуваме на нејзиниот совршен црн фустан, отмен став и внимателно склопена палета на бои. Таа засекогаш ќе биде запаметена како најпосакуваната дама со стил која беше и сеуште е муза на многу познати модни дизајнери. Ова е само дел од нејзиниот беспрекорен репертоар на стајлинзи кои можат да ви бидат инспирација во секое време.

Традиционалниот тренч капут веќе со децении е апсолутен моден тренд и треба да го поседува секоја дама.

3

Одри е особено позната по својот минимализам во облекувањето.
Класичниот шорц е уште еден must have кој без многу напор дава лежерен и елегантен изглед.

13

4

Кошула со дезен закопчана странично е доста препознатлив изглед на Одри.
Таа обожава да додава „сопствен печат“ во секоја нејзина комбинација, па зошто не би се осмелиле и вие?

5

Уште еден безвременски стајлинг на прекрасната Одри зачинет со елегантен шешир кој му дава софистицирана нота на комбинацијата.
Она што денес е тренд а Одри веќе го носела пред во пеесеттите е сакото со колан на половината. Уште еден препознатлив печат кој изгледа ултра модерно и уникатно.

9

Уште една прекрасна класична комбинација на сако и здолниште која ќе направи да зачекорите како вистинска дама.

7

Како што рековме Одри е апсолутен проповедник на минимализмот. Класичните masculine панталони во комбинација со бела кошула е совршен go to изглед за работа, деловна средба или пак доколку сакате да го постигнете оној шмек на храбра трендсетерка.

 

8

6

10

Нема ништо подобро од лежерен раскроен фустан со забавен дезен. Совршен за топлите денови за каде и да сте да бидете со стил.

25

Истото важи и за краткото летно фустанче со разигран дезен кое ќе го поттикне вашиот младешки дух.

11

Култната сцена од Breakfast at Tiffany’s поради која Одри се стекна со енормна светска слава. Малиот црн фустан по кој ќе ја паметиме вечно е задолжително парче во гардеробот на секоја девојка и жена а совршената updo фризура е само уште еден детал кој ќе ви даде изглед како вистинска ретро холивудска ѕвезда.

12

Одри е љубител на ваквите парчиња облека бидејќи не сака да експирементира со премногу разнобојност и дезени а кобинезонот во едноставен дезен е баш полн погодок за неа.
Комбинезоните повторно се вратија на модната сцена оваа сезона па набавете си некое парче и за вашата гардероба

14

Разбијте ја монотонијата со тренди панталони во разигран дезен кој ќе му даде шик изглед на вашиот аутфит како тоа што го прави Одри.

 

18

За да го „зачините“ овој изглед максимално, додадете и палто во соодветна боја како онаа на вашите панталони и ќе постигнете забавен ефект кој ќе ве претвори во шик дама.

24

15

Долгите здолништа се уште едно безвременско парче облека која можете да ја комбинирате буквално со се. Одри избрала горниот дел да биде во апсолутен констраст на долгата црна сукња што дава воочлив ефект на целиот аутфит. Можете тоа да го направите со фармеркса кошула или друга кошула во светло плава боја. Облечете црни балетанки и веќе сте подготвени да го освоите светот.

16

Покрај дезенираните пантално, Одри е љубител и на дезенирани здолништа. Било тоа миди или долго, секогаш изгледа ултра софистицирано и модерно.

21

Или пак тоа може да биде и обратно, изберете еднобојно здолниште со горен топ во забавен дезен, и монотонијата веќе е минато.

23

17

Прекрасна есенска комбинација за свежи денови, одберете ги вашите омилени фармерки, чизми до глужд и тополниот есенски капут и веќе сте подготвени.

19

Уште една разнобојна комбинација на Одри која може да ве инспирира кога се соочувате со мал проблем при комбинацијата на бои. Црно-белата кошула и црвените панталони се полн погодок.

20

Запомнете дека кога немате многу време за одбирање облека, црно-белата комбинација е тука да ве спаси.

22

Малиот бел фустан е исто така задолжително парче во гардеробот на секоја девојка и жена. Фустанот кој го носи Одри е во midi должина која стана апсолутен хит во женската гардероба. Елеганцијата и префинетоста е загарантирана.

26

За оние денови кога немате волја да трагате по нагласен аутфит одлучете се за вашиот омилен plus size џемпер и комфорни панталони – хеланки,
симнете го Breakfast at Tiffany’s, сместете се удобно на вашиот кауч и погледнете уште еднаш зошто Одри е напознатата модна икона од која секогаш можете да се инспирирате кога се работи за стилот.

 

Подготви: Кукла од Памук

 

 




Коментари

коментари