Категории

Најлоши грешки кои може да ги направите на работното место

Сите сме сведоци на некои невообичаени ситуации од страна на колегите на работното место. Сепак, самоконтролата е од најголемо значење во такви моменти. Без разлика колку и да сте талентирани и успешни, многу лесно може да се прикажете како “негативец” со некоја непромислена постапка. Ова е листата на најлоши однесувања кои треба сите да ги избегнуваме по секоја цена.

Забодување “нож во грб”

Самото име кажува се. Забодувањето нож во грб на колегите, намерно или на друг начин е огромен извор на расправии на работното место. Ова најчесто се случува кога жртвувате некого за да го решите сопствениот проблем. Луѓето најчесто го прават ова за да избегнат конфликт, но на тој начин создаваат уште поголем конфликт кога жртвата ќе го осети “сечилото”. Секогаш кога ќе направите некој да изгледа лош во очите на колегите за да се заштитите себеси, всушност му забивате нож во грбот.

Озборување

Луѓето изгледаат ужасно кога ќе се занесат во озборувањето на некоја личност. Раскажувањето за злоделата или несреќата на другите луѓе може навистина да ги повреди доколку тој разговор дојде до нив, а вас ќе ве направи да изгледате негативно и зајадливо.

Препишување на себе туѓа заслуга

Добро ни е познато тоа чувство кога некој ќе украде наша идеја. Препишувајќи ја на себе заслугата за нечија работа – без разлика колку и да е мала – создава впечаток дека немате постигнато ништо значајно со свој труд. Освен тоа, докажува дека воопшто немате почит кон вашиот тим и односот со колегите.

Соопштување дека ја мразите својата работа

Последно нешто што сакате да чуете е некој што се жали дека ја мрази својата работа. Правејќи го тоа создавате мислење за себе дека сте негативна личност и влијаете врз опаѓање на моралот на целиот тим. Претпоставените многу лесно ги препознаваат ваквите личности, па не губат време за да ги заменат со ентузијасти кои го сакаат тоа што го работат.

Лажење

Прегледи:
443
Објавено на:
24.07.2017