Најново истражување потврдува: Жените се најсреќни во 40-тите години

Жените во своите 40-ти години од животот, всушност се најсреќни, тврди едно ново истражување спроведено во Велика Британија. Имено, дури 70% од жените на возраст од 40 до 50 години, кои учествувале во споменатото истражување, изјавиле дека најсреќни се чувствуваат на оваа возраст.

Една од причините за нивната среќа и задоволство во животот е тоа што веќе не обрнуваат внимание на ситни несигурности и глупости со кои се замарале кога биле млади, а дури 66% од жените изјавиле дека моментално се чувствуваат прекрасно во своја кожа.

Позадоволни се и со сексуалниот живот

Освен тоа, дури половина од жените изјавиле дека моментално се позадоволни со својот сексуален живот, отколку што биле кога имале 20 или 30 години, а кога било побарано да се споредат себеси пред 10 години и денес – тие велат дека денес се многу помалку непотребно критични кон себе.

Сепак, се чини дека средните години од животот е навистина најдобрите години, зар не?

 

 




Коментари

коментари