Категории

Најпопуларни фризури за новогодишната ноќ

Прославувањето на Новата година е голем настан за секој од нас. Без разлика дали ќе ја пославите во домашна атмосфера или пак танцувајќи на подиум цела ноќ, сепак тоа е една долга вечер која трае до раните утрински часови, па затоа треба да се потрудите да изгледате најдобро што можете.
За таа цел ви ги прикажуваме најпопуларните фризури кои би можеле да ги имате за новогодишната ноќ, доколку го посетите фризерското студио Корани ИС, кое се наоѓа во хотелот Руссиа. Тука вашата коса ќе ја добие целосната нега и грижа која и е потребна, преку многубројните третмани користејќи најквалитетна козметика, се со цел вашата коса да биде блескава и здрава.

Ова се петтте најпопуларни фризури за новогодишната ноќ, кои совршено ќе ја истакнат вашата убавина.

Репче со панделка

Доколку барате едноставна фризура за новогодишната ноќ, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Фризура која што ќе остане иста до крајот на вечерта, а сепак панделката ја прави елегантна и овозможува да ја искомбинирате во тон со облеката. Доколку сакате подраматичен изглед, додадете машна.

Плетенка во вид на круна

Ова е стил на фризура која што совршено се вклопува и на долга и на кратка коса. Излезете од рамките на секојдневните фризури и направете ја оваа плетенка во вид на круна која е вистински украс на вашето лице.

Плетенка на задниот дел од косата

Оваа фризура е погодна за долгата и права коса, која знае да биде понекогаш здодевна поради својот облик и форма, па затоа со оваа плетенка вашата коса ќе добие свеж изглед и фризура која е едноставна, а сепак впечатлива.

Ниска пунџа

Софистицирана фризура која во исто време претставува и шик избор, поради својата форма и можноста за импровизација со видот на пунџата. Избирајќи ја оваа фризура ќе делувате елегантно, модерно, а особено ќе се истакне вашата шминка и облека. Во комбинација со впечатливи обетки, со сигурност ќе заблескате за новогодишната ноќ.

Брановидна коса

Без разлика која е должината на вашата коса, доколку се одлучите да ја носите пуштена за новогодишната ноќ, тогаш совршено решение за вас е брановидната фризура. На овој начин вашата коса ќе добие поинаков изглед и волумен кој отсекогаш сте го посакувале.

Закажете го вашиот термин во Корани ИС и добијте го изгледот кој отсекогаш сте го посакувале.