Категории

Најпопуларни мини тетоважи

Кај многу луѓе иако желбата за тетоважа е присутна, стравот од игли, периодот на заздравување како и присуството на вечен детал на кожата се пресудни да не се решат на ваков чекор. Решението е минијатурна тетоважа – доволно мала за да не се плашите од болка, а сепак украсна и значајна за вас.

Секој негува своја сопствена естетика кога станува збор за тетоважите, преферирајќи одреден стил и место каде што ќе го украсат своето тело.

Иако не се нападни, поради што нема да се одлучите за ваков тип на тетоважа доколку сакате да бидете впечатливи, минијатурните тетоважи во себе носат нешто посебно кое е тешко да го занемарите.

Откако еднаш ќе се истетовирате најчесто ќе посакате да го направите тоа повторно, па поради тоа е полесно да изберете помали мотиви на повеќе делови од вашето тело, посебно ако не треба да бидат видени на вашето работно место.

Ви предлагаме неколку мали тетоважи кои привлекуваат внимание, како идеја доколку се решите на ваков чекор. Мотивите се разновидни почнувајќи од симболи, птици, животни, па дури и Чупа – Чупс лижавчиња.

Во летните услови, малата тетоважа е уште полесна за чување, иако стандардната нега е неизбежна за да ја одржи формата и бојата.

Прегледи:
3537
Објавено на:
08.06.2017