Категории

Најпопуларно видео за медитација: Ослободете се од стресот за 3 минути

Опуштање на несекојдневен начин: „Затворете ги очите и поврзете се со својот внатрешен свет, мисли и чувства. Малку по малку нека избледат од вашата свест проблемите од секојдневието…“

Станува збор за водич за медитација кој на ЈуТјуб има преку 11 милиони прегледи. Она што го издвојува е тоа што е полн со хумор и директно обраќање кон оној што го гледа, па дури и по некоја пцовка. На крајот, сфаќате дека навистина помага да ја победите негативноста која се насобрала во вас во текот на денот.

Се што ви е потребно пред почетокот е тишина. Сместете се удобно, пуштете го видеото, затворете очи и заборавете на светот на неколку минути.

 

Видеото трае три минути, вреди да го погледнете.

Прегледи:
371
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
08.02.2018