Најстарите хотели во светот кои треба да ги посетите

Хотелите не се само одлични места за престој при посета на нов град. Тие исто така важат и за историски атракции.

Повеќето од најстарите хотели во светот се во Јапонија. Од многуте хотели низ светот кои постојат, издвоивме 5, кои навистина еден ден треба да ги посетите.

Нишијама Онсен Кеиункан, Јапонија

Овој хотел (Nishiyama Onsen Keiunkan)е најстариот хотел во светот. Работи од 705-та година,што според Гинисовата книга на рекорди, е најстариот хотел кој сеуште работи .За да биде уште поимпресивно, истото семејство ја води оваа стара јапонска меана, која е градена помеѓу геотермални извори, веќе 1300 години. Сепак иако стар, во хотелот се направени некои измени за да биде прифатлив за модерните посетители, но со примеси на традиционалните јапонски обичаи.

Хоши Риокан,Јапонија

“Hoshi Ryokan”, е исто така Јапонски хотел, кој до скоро важел за најстариот хотел во светот, додека претходниот не го докажал спротивното. Како и да е овој хотел постои од 718-та година и за него се грижат 47 генерации по ред. Во Хоши Риокан исто така има геотермални извори и спа центар.

Старото ѕвоно, Англија

“The Olde Bell”, е хотел во едно Англиско село, Хирли,кој датира од 1135година, иако првичната замисла била гостинска куќа а не хотел. Меѓудругото, бил дом на тајната патека која одиграла главна улога во Величествената Револуција Вo 1688 година, која го победила кралот Џејмс втори.

Зум Рутен Барен (Zum Roten Baren),Германија

Оригиналната замисла била да биде голема куќа за едно семејство и бил користен како гостинска куќа уште од 14-ти век.Во хотелот се направени модерни промени, но првиот кат е потполно ист, што на посетителите им дава шанса да се почуствуваат како да патуваат низ времето.

Бекман Армс, Њу Јорк

“The Beekman Arms”,ни приближно стар како горе наведените,но наводно е најстариот хотел во Соединетите Американски Држави. Овој хотел датира од 1766-та година. Собите се направени во колонијалски стил, земајќи во предвид дека е изграден пред почетокот на Револуционерната војна.

 

 




Коментари

коментари