Најстарото животно на светот се припрема за доаѓањето на туристите

Џиновската желка Џонатан е стара најмалку 185 години и за малку би била современик на Наполеон, кој бил затворен на Св. Хелена од 1815 до смртта во 1821 година.

Тој е туристичка атракција за која вреди да се помине долг пат. Џиновската желка Џонатан веројатно е најстарото копнено животно на планетата на кого особено се внимава на изолираниот атлантски остров Св. Хелена.

Џонатан сега полека се подготвува за посетителите, бидејќи островот кој се наоѓа во средината на Јужниот Атлантик конечно доби меѓународен аеродром.

Полека се движи во густата градина на куќата на гувернерот и се храни со морков, салата, краставици, јаболки и круши кои ги подготвуваат за него. Тој има своја рутина. Секој ден во исто време ги посетува истите места. Џонатан потекнува од Сејшелите, но како стигнл до Св. Хелена не е познато.

Кога бил млад, Џонатан е познат по тоа што знаел да ги прекине натпреварите во крикет кои се одржувале на тревникот во куќата на гувернерот, а сега тој е слеп, го има изгубено и сетилото за мирис, но сеуште слуша и е во релативно добра здравствена состојба иако го надминал очекувањето на животниот век на неговиот вид на желки кој е во просек 150 години. Големо влијание за тоа веројатно има и животот на овој отров без стрес и со чист воздух.

Св. Хелена е одалечена 1.200 км од африканското копно и важи за едно од најизолираните места во светот. Отсега овој остров е поврзан со остатокот од светот и со комерцијален лет од Јоханезбург еднаш во неделата.

 




Коментари

коментари