Најважното модно правило кое секоја дама треба да го знае

Трендовите во модата се менуваат од минута во минута но постојат и такви кои одтануваат запаметени низ времето како култни модни правила коо секоја дама треба да ги знае и применува.

 Да се изгледа привлечно, заводливо и секси е еден од главните цели кај секоја комбинација но најважно од се е да се биде умерено и добро избаландирано, да се внимава на тоа што да се покаже а што не.

Модните стилисти низ времето поставиле едно правило кое е доста важно да се знае доколку не сакате да одтавите погрешен впечаток а тоа е „доколку го откривате горниот дел од телото, односно рамената, грбот или деколтето, долниот дел треба да остане помриен и обратно“.

Изберете само еден дел од телото кој сакате да го откриете – вели стилистката Џен Реид која е позната по тоа што била една од главните стилистки на Анџелина Џоли и Џени Фишер која додава дека во тоа се крие тајната на заводливиот изглед со стил и префинетост.




Коментари

коментари