Категории

Намирници со кои ќе се спасите од есенските вируси

Овие шест  намирници задолжително внесете ги во својата исхрана, со тоа вашиот имунитет ќе биде значително посилен, а тоа е одлично во овие студени есенски денови, кога нашето здравје е кревко.

Шампињони

Шампињоните содржат антиоксиданси, а истите во намалуваат стареењето. Шампињоните содржат витамин Б и ниацин, кои се важни за човековиот имунитет. Тие се одлични против вируси, бактерии и тумор. Може да ги јадете и сирови, во салата, исечкани и полиени со лимон и зачини.

3310_pecurka-shutterstock_19986403

Зелка

Зелката е богата со витамин Ц и глутамин кој го зајакнуваат имунолошкиот систем. Она што е добро кај зелката е дека таа е ефтина и достапна е за време на зимските месеци.

Бадеми

Една рака бадеми помага да го подобрите вашиот имунолошки систем. Препорачаната дневна количина бадеми од ¼ чаша е доволна да ги покрие 50 проценти од дневната потреба на организмот за витамин Е.

almonds-raw_625x350_51421213477

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со витамин Ц, и е задолжен да го чува вашиот имунитет. Ако не сте обожаватели на грејпфрут, пробајте портокали или мандарини.

Јогурт

Дневно една чаша јогурт ја намалува можноста од настинка. Кога купувате јогурт погледнете ја листата на витамини кои ги содржи и витаминот Д. Истражувањата покажаа доколку не постои витаминот Д во организмот се зголемува ризикот од добивање настинка.

Спанаќ

Спанаќот е исто така хранлив. Содржи фолат кој помага по подобрувањето на крвната слика. Исто така содржи влакна и антиоксиданси како и витамин Ц, пожелно е да го јадете го спанаќот сиров, одличен е како салата помешан со марула.

cranberry-spinach-side-salad

Извор: Макфакс

Прегледи:
338
Објавено на:
29.11.2016