Категории

Наплив на сексуално преносиви болести во Македонија

Во земјава се зголемува бројот на лица кои се заразени со сексуално преносливи инфекции, пред се хламидијата.

Ова се должи на тоа што младите во Македонија не се доволно информирани за нивното репродуктивно здравје, велат од невладината организација Хера.

Исто така, употребата на контрацепција меѓу младите е многу ниска и само пет проценти користат орална контрацепција, а кондом околу 36 проценти.

Ова е далеку под европските просеци велат од Хера. Бидејќи во земјава нема сексуално образование во училиштата, потребна е поддршка за ваквите центри каде младите можат да се информираат за своето сексуално здравје.

„Во делот на оралната контрацепција ние сме една од земјите кои се ниско рангирани, Македонија е најниско рангирана земја во Европа, просекот во Европа е од 60 до 70 проценти, додека во Македонија е пет проценти. Тоа докажува колку младите не се информирани“, изјави Бојан Јовановски, извршен директор на Хера.

Прегледи:
350
Објавено на:
17.03.2016