Направете домашен напиток против настинка

Студената сезона веќе започна, а како резултат на тоа, многу луѓе „се борат“ против настинките и кашлиците.

За да бидеме  поотпорни на настинките без употреба на лекарства, се препорачуа да пиеме напиток од ѓумбир, цимет и мед.

Ѓумбирот го подобрува варењето на храната, а исто така затитува од бактериите. Има способност да ја намали болката која ја чувствувате, додека циметот во комбинација со мед има моќ да го зајакне имунитетот, а помага и против суво грло и кашлица.

Начин на подготовка:

Земете поголемо парче ѓумбир, измијте го и исечете го на мали парчиња. Ставете ги парчињата во поголем сад и додадете му 2 стапчиња цимет, 2 ѕвездички анасон и 4 чаши вода. Откако течноста ќе зоврие тргнете ја од огнот и оставете ја покриена 10 минути. На крај, додадете 2 супени лажици мед, 2 лажици јаболков оцет и сок од еден лимон и вашата напивка е подготвена.

 




Коментари

коментари