Направете сами нискокалорични палачинки со само 3 состојки

Само со три едноставни состојки (банана, јајца и цимет), овие здрави палачинки се вкусен десерт за вас и вашите најмили.

Сервирани со сируп одозгора, не можете ни да замислите подобар начин за внесување на протеин и овошје. Но, знаете ли што? Овие палачинки се доволно благи што дури и нема потреба да додавате јаворов сируп. Може да додадете и путер од кикирики за уште повкусен појадок. Како за младите, овие мини палачинки се одличен појадок и за повозрасните. Исто така, може да ги подготвите неколку дена однапред и да ги чувате во фрижидер, а потоа само со затоплување во микробранова печка појадокот е спремен.

Време за подготовка: 12 минути.

Потребни состојки:

  • 1 зрела банана
  • 2 јајца
  • 1/4 лажичка цимет
  • по избор: 1/8 лажичка сол

Подготовка:

  • Изгмечете ја бананата во сад
  • Во одделен сад изматете ги двете јајца
  • Додадете ги јајцата во бананата и измешајте ги додека не добиете смеса, заедно со сол и цимет
  • На загреана рингла ставете го тавчето и премачкајте го со зејтин или путер
  • Ставајте од смесата во тавчето, доволно да го покрие и по 2 минути откако ќе добие боја палачинката, превртете ја на другата страна

 

Добар апетит!




Коментари

коментари