Направиле свадбени фотографии во 11 различни држави, создавајќи уникатен свадбен албум

Фотографот Keow Wee Loong и неговата сопруга патувале во 11 држави за да го создадат најуникатниот свадбен фото албум. 

Патувајќи низ хаотични градови, качувајќи планини со неговата опрема и нејзиниот свадбен фустан, тие потрошиле само 1.000 евра и на необичен начин ја обележале нивната љубовна приказна.


Ангелхолм, Шведска

Тој е фотограф од Малезија, а сега тој и неговата сопруга Марта ја преземале улогата на модели и патувајќи низ Азија и Европа создале прекрасно романтични фотографии. Нивното патување било вистинска авантура, но најзначајни се спомените кои ги создале заедно.

„Патувањето со партнерот ќе те научи многу за него, неговите доблести и маани, и ќе се разберете повеќе.“ вели тој.

Кога ги објавил фотогрфиите на интернет, добил коментари дека можел да го направи тоа и на фотошоп, на што тој само вели:

„Не можеш да го фотошопираш доживувањето.“  

Табур, Малезија

Венеција, Италија

Kjeragbolten,Норвешка

Синабунг, Индонезија

мостот Вестминстер, Англија

Фуџи, Јапонија

Варшава, Полска

Копенхаген, Данска

Mehlweg, Германија

Виена, Австрија




Коментари

коментари