Категории

Натпреварот кој ќе го одбележи петтото коло во ракометната Лига на шампиони

Денес, во 17:30 часот, во Спортскиот Центар “Јане Сандански” ќе се одржи натпреварот кој ќе го одбележи петтото коло во ракометната Лига на шампиони.

Станува збор за натпреварот помеѓу ривалите Вардар и Барселона. Досега, овие два тима имаат идентичен пласман, со три победи и еден нерешен резултат.

Нашите ракометари се наоѓаат пред голем предизвик особено кога се работи за Барселона, бидејќи еднинствениот пораз годинава го има доживеано токму од овој тим.

 

За да покажат квалитетна игра и голема концентрација на терен против една од најдобрите екипи во светот, а воедно истото важи и за секој натпревар, ракометарите откриваат дека нивното омилено место за релаксација, квалитетен оброк и опуштање е токму хотелот Руссиа.

Секој посетител на овој хотел многу често има прилика да ги види играчите на Вардар како уживаат во сите услуги кои ги нуди ова место. Без разлика дали станува збор за спа центарот, за ресторанот, скај барот или апартманите, тие велат дека хотел Руссиа го чувствуваат како втор дом и тука добиваат сè што им е потребно. Не случајно хотел Руссиа е и изборот на ракометарите на Барселона кои престојуваат тука пред големиот денешен натпревар. Овој хотел во целина ги исполнува највисоките стандарди кои се неопходни да ги задоволат потребите на светските клубови, па затоа секогаш кога престојуваат во нашиот град, хотел Руссиа е нивната омилена дестинација.

 

Загревањето за денешниот натпревар започнува пред платото на хотел Руссиа, СЦ Јане Сандански  во 15:30 часот, каде има организирано точено пиво и безалкохолни пијалоци за загревање на атмосферата.  Бидете дел од навивачите кои ќе го бодрат нашиот шампион, уживајте и вие во сè она што ви го нуди ова место и уверете се зошто токму хотел Руссиа е изборот на најуспешните.

 

Прегледи:
410
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
14.10.2017