Научниците открија: Еве зошто луѓето не користат заштита

Единствено средство за контрацепција кое заштитува од бременост и полно излечливи болести е кондомот, а сите знаеме и колку лесно можеме да го купиме. Тогаш, зошто луѓето многу често не користат кондоми?

Неодамна во Америка е спроведено истражување за користење контрацептивни средства. Резултатите покажуваат дека околу 50% од жените не можат во потполност да се опуштат во текот на сексуалниот однос доколку не користат кондом, но од 80% од луѓето кои изјавиле дека користењето кондоми е многу важно, дури 41% признале дека во текот на последните сексуални активности не користеле кондом.

Меѓу луѓето кои не користеле кондом, 40% изјавиле дека тоа го направиле без било каков разговор со партнерот. А во новите врки, 62% престанале да користат заштита по месец или два, а 50% не сакале да се изјаснат во врска со тоа.

Значи, луѓето не уживаат потполно во сексот без кондом, сепак не го користат, но и не разговараат за тоа. Што е причината за сето ова?

За жал, се случува жените поради чувство на срам, со желба да му удоволат на партнерот или за да избегнат караница, ги погазуваат своите принципи и се впуштаат во ризичен однос. Ако се случи еднаш, веројатно ќе се повтори повеќе пати.

Според истражувањето на компанијата Тројан, првите три причини поради кои партнерите не користат заштита се доверба, посветеност чувството на ексклузивност. Со други зборови, луѓето ги мешаат интимноста и довербата со безбедноста, а тоа не е исто.

Заклучок? За кондомите треба да се зборува многу почесто и поотворено. Само на тој начин врските ќе бидат поздрави и побезбедни.




Коментари

коментари