Категории

Научниците откриваат: Ова се трите начини како да ве запаметат луѓето

Велат дека првиот впечаток кој го добиваме за некоја личност трае долго, па ако е така што треба да направиме за да оставиме добар впечаток?

Според експретите, постојат едноставни нешта што треба да ги направиме при запознавањето со некоја личност за да оставиме незборавен впечаток.

 

Ова се три совети како полесно да допрете до луѓето и како да ве паметат засекогаш:

 1. Поткрепете ги вашите зборови со факти и повторете ги три пати

Основно и најважно е да користите факти – вистини кои се базираат врз искуство и набљудување. Факт е дека луѓето побргу ќе го запомнат тоа што го говорите доколку се држите до фактите, отколку користејќи мислења и апстрактни поими.

2. Изненадете ги и поставете им прашање

Кога разговарате, елементот на изненадување е тоа што го задржува нивното внимание и вашиот став се врежува во нивната глава. Затоа, важно е да поставувате прашања за да останат заинтересирани и внимателно да ве слушаат што говорите.

 

3. Мотивирајте

Според науката, колку повеќе ја инспирирате, мотивирате и возбудувате публиката со тоа што го говорите, толку повеќе ќе бидете забележани и запаметени.
Прегледи:
380
Објавено на:
16.10.2017