Категории

Науката докажа: Повозрасните жени се посексуални од младите

Сосема спротивно на верувањето дека желбата за секс кај жените се намалува со годините, новото истражување  покажа нешто друго.

Резултатите од истражувањето тврдат дека повозрасните жени имаат желба за многу повеќе секс од помладите и дека активноста на тоа поле може да го поправи сексуалниот живот за 24% со секоја декада од животот.

Во кое истражувањето учествувале 27.350 жени на различна возраст покажало дека 60% од жените на возраст од 50-59 години се сексуално многу активни, како и 50% од жените над 60-годишна возраст.

Сексуалната активност е дел од животот и на една третина од жените кои влегле во седмата декада од животот. Две третини од истражуваните повозрасни жени одговориле дека целосно се задоволни од својот сексуален живот, а дури и оние незадоволните изразиле желба за почести сексуални односи.

Само 8% од жените во поодминати години изјавиле дека сакаат помалку секс од порано.

Жените кои за време на истражувањето признале дека се сексуално неактивни како причина го ставиле навеле немањето на партнер, додека пак здравствените проблеми не биле причина за избегнување на сексот.

Прегледи:
274
Ознаки:
·
Објавено на:
05.10.2016