Категории

Навивач на Борусија почина среде меч, играчите стоеја, публиката пееше „You’ll never walk alone”

Борусија Дортмунд славеше над Мајнц со 2-0, но овој меч мина во знакот на трагичниот настан во првото полувреме, кога еден навивач на „милионерите“ почина на трибините од срцев удар. Веста веднаш се прошири меѓу навивачите, а стигна и до фудбалерите, па по последниот свиреж на судијата на стадионот во Дортмунд можеше да се проследи емотивна глетка – играчите на Борусија застанаа еден до друг пред трибината каде почина навивачот, додека од сите страни ечеше добро познатата навивачка песна „You’ll never walk alone”.

Некои работи се поважни од фудбалот“ – гласеше твитот на официјалниот твитер-профил на Борусија Дортмунд објавен непосредно по завршувањето на овој натпревар.

Прегледи:
375
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
14.03.2016