Категории

Не бидете премногу добри ако сакате да ве почитуваат

Иако е прекрасно да бидеш фин и љубезен, некогаш тоа не е исплатливо за вас лично. Луѓето многу поретко ја ценат оваа карактеристика, а многу почесто ја злоупотребуваат и користат.

Ова се 8 најчести навики на „премногу добрите“ луѓе кои треба да ги промените доколку се пронајдете:

1. Имате потешкотии да кажете „не“ дури и кога нечии барања се нелогични и неизводливи.

2. Често сте потценети од другите луѓе и многумина ве сфаќаат „здраво за готово“.

3. Се чувствувате „искористено“ во работните и љубовни односи.

4. Ги прифаќате неблагодарните задачи од другите, односно оние кои самите не сакаат да ги направат.

5. Често го правите она што другите ви го кажуваат, иако во себе мислите дека треба поинаку.

6. Љубезноста ви е невозвратена, а и понатаму останувате љубезни.

7. Се плашите дека ќе бидете отфрлени ако не им излезете во пресрет на другите.

8. Повеќе се грижите за другите, отколку за себе.

Ако се пронајдовте барем во половина од овие знаци, потребни ви се овие 5 тактики во животот. Почнете по ред:

1. Вежбајте самопочит и откријте ги своите права

Внатрешното чувство на контрола врз вашиот живот е она што ќе ви го подобри менталното здравје. Најлесно ќе го постигнете ако си поставувате приоритети, започнете да изговарате „не“ без чувство на вина, бирате здрави односи, го добивате она што сте го платиле и самите вие си ја креирате животната среќа. Самопочитта рефлектира самопочит, па затоа изборете се за личните права и поставете граници.

2. Променете го ставот дека мора да бидете добри постојано

Голема е разликата меѓу тоа да сакате и да морате да бидете добри. Првото е она што доаѓа од вашето срце, другото е она што ви претставува терет и негативно влијае на менталното здравје. Мора само да запаметите дека не е природно да бидете добри и љубезни цело време.

3. Не пробувајте да им удоволите на сите, посебно не цело време

Никој не може константно да ги задоволува желбите на другите, затоа не се трудете. Најпрво заработете ја почитта, така што кога ќе поделите добрина, таа ќе биде ценета. Не се плашете од одбивање, затоа што така оставате впечаток на личност која има карактер и не може секој да ја прегази. Пред да пробате да им ги исполните желбите на другите, потрудете се вашите да бидат исполнети.

4. Вие не сте одговорни за туѓите чувства

Можеби понекогаш чувствувате обврска да направите нешто за другите да не се чувствуваат лошо, но тоа не е решение. Кога повеќе пати ќе ги направите луѓето среќни, не по своја желба, таа навика полека преминува во оптоварување затоа што полека си го штелувате мозокот дека „ако сега престанете и ги оставите ќе бидат многу несреќни.“ Во овие ситуации важно е да останете разумни и свесни и да си повторите дека вие не сте одговорни за туѓите чувства.

5. За оние кои ве земаат здраво за готово важи правилото „помалку е повеќе“

Сигурно повеќе пати сте ја чуле изреката дека „Луѓето не знаат да ценат, се додека не изгубат.“ Кога се работи за неблагодарни луѓе, колку повеќе им давате, толку помалку го ценат она што го нудите. Тогаш, зошто да дозволите да ве исцрпат? Помогнете си себеси и ограничете ги или целосно прекинете ги таквите односи. Имајте на ум дека реципроцитетот е дефиницијата за успешен однос.

Прегледи:
453
Објавено на:
31.08.2016