Не ве привлекуваат згодни момци? Можеби сте сапиосексуалка

„Висок, црн и згоден“ – се зборовите со кои жените многу често го опишуваат мажот од соништата, но за некои жени тоа апсолутно не значи ништо. Нив ги привлекува нешто друго, што е многу поважно за врската…

Веќе подолго време низ поп културата и медиумите се спомнува изразот – сапиосексуалец, поим кој опишува луѓе кои не ги привлекуваат физичките карактеристики, туку нешто сосема друго – интелигенцијата.

Истражувањата докажале дека сапиосексуалноста може да се измери психометриски и дека помеѓу 1 и 8 посто млади луѓе (од 18 до 35 години) веројатно се сапиосексуалци. Уште едно интересно откритие е дека интелигенцијата на личноста која ја привлекува интелектот на потенцијалниот партнер не подразбира дека е висока.

Ова истражување покажало дека интелигенцијата е втора најпосакувана особина кај партнерот, веднаш по љубезноста и разбирањето, додека трета е опуштеноста.

Мажите ги привлекуваат жени кои со поинтелигентни од нив, бидејќи освојувањето на таква жена за нив е предизвик. Сепак, кога се работи за секојдневниот живот, попрво ќе ја изберат онаа која е помалку интелигентна од нив.




Коментари

коментари