Категории

Не знаеш кој кого… Драган Вучиќ гледачот или е обратно: Како се вика братот на сопругата? (ВИДЕО)

Фолк пејачот Драган Вучиќ е македонска водителска „легенда“! Повеќе од 25 години е на ТВ екраните со своите емисии по сите можни телевизии. Топ шоуа, музички емисии, емисии за таленти… кај Вучиќ ги има „Своите 5 минути“ секој од неговите ТВ „пациенти“! Запаметен, па дури и опеан во песните… Единствено кај него, кај Драган Вучиќ – хостесата му чучи… додека влече писма и коверти, нормално! Зашто Вучиќ нема емисија во која нема награди! Кај Вуле – нема да нема! Може само да не е јасно… Или до крај разбрано… Или погрешно сфатено прашањето, а Бога ми и одговорот! Како на пример во неговите „Среќни коцки“!

„Како се вика братот на сопругата“ – прашува Вучиќ, а човекот од другата страна на „телефонската наградна ТВ сеанса“  логично му одговара!  Одговорот е тој, ама не е тој… Точен е, ама не е точен…!?  А, за тоа кој кого…? Случајно е или намерно…?

Погледнете го видеото, па проценете самите! Можеби на Вучиќ хостесата му чучи, ама видеово Вам, „гарант“ ќе ви „легне“! Конечно, смеењето е здраво, така барем велат стручњаците… за терапија!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
514
Објавено на:
15.11.2017