Неделен хороскоп (08 – 14 декември, 2014)

Овен

Овен

Влегувате во зона полна со енергија за патување и авантуристички потфати, со силна атракција кон некој кој не е од вашата држава или култура. Дали тоа би можело да биде тој  вистинскиот? Опуштете се и само полека и немојте да донесувате заклучоци прерано. Дајте си на себе време за да донесете одлука.  Може да бидете посебно мотивирани да започнете да одите во теретана или да истражувате сосем нови потенцијали за работа.

Среќен ден: Четврток

 

Бик

Бик

Неочекувани можности, нови шанси ќе бидат пред вас во текот на оваа недела и на вас ќе биде да го изберете најдоброто. Подготвеноста да преземете ризик ќе ви се исплати, посебно доколку саката да започнете сопствен бизнис или да го проширите постоечкиот. Преземете сѐ што треба за да ја свртите ситуацијата во ваша корист.

Среќен ден: Сабота

 

 

Близнаци

Близнаци

Ќе бидете во свој елемент оваа недела, што ќе ви помогне да се опуштите и да ги наполнете батериите. Исто така, распоредот на планетите ќе ве наведе да се активирате малку повеќе и да поработите на вашите желби и внатрешни проблеми.  Соработниците ќе го искористат вашето професионално знаење и способности. Потрудете се на правилен начин да ги искористите вашите предности, како би ги оствариле целите. За викендот ви престои понуда која нема да можете да ја одбиете.

Среќен ден: Понеделник

 

Рак

Рак

Ќе бидете во свој елемент проади високата самоувереност.  Ќе се отвори прашањето на некој однос со пријател, кој ве оптеретува веќе подолго време. Обидете се да не се нервирате и пробајте медитација или било што друго што ќе ве опушти и ќе в иги отргне мислите. Подоцна во текот на неделата, кога страстите ќе се смират, точно ќе знаете што сакате.

Среќен ден: Петок

 

 

Лав

Лав

Обидете се на саканиот да приредите една романтична вечер во почетокот на неделата, бидејќи ѕвездите го бараат тоа од вас. Во вторник внимавајте што зборувате, бидејќи постои голема можност да упаднете во некоја тривијална расправа. Кон крајот на неделата можни се некои позитивни финансиски поместувања.

Среќен ден: Понеделник

 

 

Девица

Девица

На самиот почеток на неделата комликациите поради лошата комуникација ќе бидат на врвот. Немојте прерано да донесувате заклучоци бидејќи работите можеби не се такви какви што изгледаат и ви се чинат. Покрај тоа, ќе имате сјајна можност да направите некој прифитабилен или корисен професионален договор, при што ќе ви се откријат и нови позитивни идеи. Тркалото на среќата на работата ќе се сврти во ваша корист.

Среќен ден: Недела

 

Вага

Вага

Оваа недела можни се одложувања на некои планови поради различни пречки. Можат да ви се појават фрустрации во врска со организирањето на некоја забава или прослава. Доколку имате состанок со некого, имајте на ум дека не е злато се што сјае. Ќе имате многу повеќе енергија да се псоветите на некои проекти.

Среќен ден: Среда

 

 

Скорпија

Скорпија

Оваа недела се можни судири,  а влијанието на месечината дополнително ќе ја зголеми тензијата и чувствата и ќе ве наведе претерано да реагирате. Уште повеќе, ќе се чувствувате наострено и ќе имате расправија со некого и тоа кога ќе биде потребно да проголтате некој збор и да се согласите на компромис. Сепак, кон средината на неделата ви пристигнува охрабрување за постоечки проекти или планови.

Скорпија: Четврток

 

Стрелец

Стрелец

Самиот почеток на неделата ќе биде прилично обележен со расправии бидејќи вие и луѓето околу вас ќе бидете изразито чувствителни. Затоа немојте да се инаетите. Искористете ја средината на неделата  и нејзините можности да ги проширите своите погледи, посебно ако се однесуваат на вашите креативни способности. Исто така, посветете внимание и на финансиите.

Среќен ден: Сабота

 

 

Јарец

Јарец

Обидете се да направите добар распоред и план на почетокот на неделата. Кратки или чести паузи во работата, можат да ви помогнат да избегнете некои непријатности. Средината на неделата ќе биде обележана со доста дружења, што може да биде добра можност за некоја посебна средба или едноставно за одличен провод со друштвото.

Среќен ден: Вторник

 

 

Водолија

Водолија

Во понеделник посебно ќе бидете охрабрени да ги покажете вашите чувства и јасно да кажете што мислите. Бидете внимателно да не се изразите кон погрешни луѓе. Подобро прибегнете кон мирољубиви и хармонични решенија отколку да бидете ултимативни и драматични. Подоцна во текот на неделата ќе се освежи вашиот професионален живот, ќе почувствувате налет на позитивна енергија, што ќе ви помогне да ги унапредите вашите цели.

Среќен ден: Петок

 

Риби

Риби

На почетокот на неделате ќе размисливате малку повеќе за вашиот имиџ и за можноста да го промените. Доколку малку заглавите во однос на тоа прашање или пак имате недостаток на идеи, некоја идеја од пријател може да ви помогне да добиете инспирација за нова фризура или пак облека. Кога финансиите се во прашање, само полека оваа недела, посебно за време на викендот.

Среќен ден: Четврток




Коментари

коментари