Чек дис аут
Search


Негативни ставови кои ги намалуваат чувствата на задоволство, среќа и успех

Негативните мисли се нешто кое не е секогаш во наша контрола. Во зависност од тоа дали се позитивни или негативни, тие се од клучно значење за нашето здравје.

Негативните мисли исто така се и една од причините за намалување чувството на задоволство, среќа и успех. Некои од тие мисли се следниве:

„Не сум доволно добар/а“

Точно е дека никој oд нас не е совршен. Сите имаме недостатоци. Постојат луѓе кои се борат со некоја сериозна болест, на пример со дијабет, постојат луѓе кои изгубиле некои од екстремитетите, но и покрај тоа, ведрината и насмевката е присутна на нивното лице. Доколку овие луѓе и покрај своите недостатоци цело време размислуваат дека не се добри, навистина не би успеле во животот. Затоа, потребно е да се започне правите работи кои сакате да ги правите и постепено да се усовршувате. Со текот на времето ќе сфатите дека постои голем потенцијал во вас.

„Нема да успеам“

Оваа изрека многу луѓе ја кажуваат пред да направат нешто. Доколку вака размислувате, навистина нема да успеете. Мислите позитивно. Секоја ноќ заспијте со помислата дека сте успесни, а утрото разбудете се со помислата дека денес ќе успеете. Ве уверуваме дека навистина ќе успеете.

„Зошто другите се подобри од мене?“

Едноставно не можете да бидете најдобри во се. Секогаш ќе постојат луѓе кои се поубави, попаметни, побрзи, побогати и помлади од вас. Тоа не треба да ве обесхрабрува, ниту да предизвикува лавина од емоции. Ништо нема да постигнете ако се споредувате со другите. Вашата целосна личност, единствена и неповторлива.

„Никој не се грижи за мене“

Љубовта најчесто ја вреднуваме според големите дела, поради што не гледаме дека малите гестови се вистинските знаци на внимание и грижа. Поради ваквиот негативен став, нормално е другите луѓе да се повлечат. На тој начин нема да можат да ви покажат дека ве сакаат и покрај тоа што се чувствуваат така.

 

 




Коментари

коментари