Неисцрпен извор на мистерии: Неверојатни факти за пирамидите

Повеќето луѓе знаат дека пирамидите се големи, импресивни градби кои се изградени во Египет. Исто така е познато дека служеле како монументални гробници за фараоните. Но, постојат и други занимливости за овие фасцинантни градби, за кои се јавуваат сомнежи дури и дека се изградени со помош на вонземјани.

  1. Во Гиза се наоѓаат трите најпознати пирамиди (Кеопсовата, Кефреновата и Микериновата), но на подрачјето на древниот Египет постојат дури преку 140 пирамиди.
  2. Најстарата египетска пирамида е онаа на фараонот Дјосер, изградена 2650 година пред нашата ера. Се наоѓа во Сакари, најголемата гробница на градот Мемфис во кој се откриени повеќе од 250 подземни гробници.
  3. Кеопсовата пирамида е дефинитивно најголема и висока е 138,8 метри.
  4. Се проценува дека бројот на луѓе кои ги граделе овие пирамиди достигнувал до 100.000.
  5. Пирамидите во Египет ги чува огромна Сфинга, најголемиот монолитски кип на светот. Се верува дека лицето на Сфингата го претставува лицето на фараонот Кефрен.
  6. Прв и најпознат архитект на пирамидите бил Имотеп, кој бил лекар и инженер. Се смета дека тој е заслужен за изградбата на првата голема пирамида на Дјосер.
  7. Додека стручњаците се сложуваат со тезата дека пирамидите се изградени од големи камени блокови изрезбани со бакарен алат, техниката со која ги поместувале блоковите и ги поставувале и денес останува предмет на најразлични мислења и теории.
  8. Она што е очигледно е дека, со текот на времето техниките за изградба на пирамидите се развивале, па поради тоа поновите пирамиди се изградени на поинаков начин.
  9. Трите пирамиди во Гиза според својата локација се ускладени со соѕвездието Орион. Тоа соѕведие се поврзувало со богот на задгробниот живот, Озирис.
  10. Се проценува дека големата пирамида во Гиза е составена од 2 илиони и 300 илјади камени блокови, кои изнесуваат од 2 до 30 тона, а некои од блоковите и преку 50 тона.
  11. Пирамидите изворно се заштитени со камења изработени од високо полиран бел камен. Тоа ја одржувало сончевата светлина, па затоа светеле како скапоцени камења.
  12. Благодарение на заштитниот сјаен слој, се претпоставува дека пирамидите можеле да се видат и од Израел, а можеби дури и од Месечината.
  13. И покрај огромната жештина во пустината, темпратурата во нив изнесува околу 20 степени Целзиусови.
  14. Просечно потребно било околу 200 години за изградба на една пирамида, што значи се граделе повеќе пирамиди истовремено.
  15. Една од причините зошто пирамидите се толку добро сочувани е уникатниот врзувачки материјал кој се користел, а до ден денес не се знае од што е добиен.
  16. Спротивно од популарното верување, н пирамидите не работеле робови или заробеници, туку платени работници – од физички до бројни уметници.
  17. Иако често се поврзуваат со хиероглифите, тие не се пронајдени во внатрешноста на Големите пирамиди во Гиза.




Коментари

коментари