Категории

Нејмар доживеа сообраќајна несреќа, но вечер ќе игра (ВИДЕО)

Напаѓачот на Барселона, Бразилецот Нејмар, доживеал сообраќајна несреќа со својот автомобил, но не е повреден и ќе може да игра „без проблеми“ против Реал Сосиедат веќе во неделата вечерта, објави во неделата телевизијата TV3 повикувајќи се на извори од каталонскиот клуб.

На снимките со кои располага телевизијата може да се види црвеното „ферари“ако останува во спротивна насока во кружен тек. Предниот дел од автомобилот бил полесно удрен.

„Доживеа сообраќајна несреќа, но без последици и може нормално да патува. Автомобилот е малку чукнат, но Нејмар не е“, рекол извор близок на Барселона.

Според телевизијата TV3, несреќата се случила додека Нејмар одел кон кампот на Барса на собир на играчите пред заминување на пат кон Сан Себастијан, каде што каталонскиот клуб вечерва игра во 13-то коло од шпанското првенство против Реал Сосиедад.

Извор: Макфакс

Прегледи:
412
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
27.11.2016