Нејмар во лов на рекорд што го немаат Роналдо ниту Меси

Бразилскиот напаѓач Нејмар е на чекор до рекорд што не успеале да го остварат ниту Лионел Меси ниту Кристијано Роналдо иако во Лига на шампиони постигнале повеќе од 200 голови.

Напаѓачот на ПСЖ би можелда биде првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал голови во сите шест натпревари во една сезона.

Бразилецот оваа сезона успеал во пет натпревари да постигне шест голови.

Серијата ја отвори во првото коло со гол против Селтик. Во второто коло постигна против Баерн, две победи против Андерлехт и уште два негови гола, додека во минатото коло постигна два гола во победата против Селтик (7-1).

Роналдо во ЛШ постигнал рекордни 113 голови при што 59 во натпревари по групи додека Меси постигнал 97 голови од кои 60 по групи, но ниту еден од нив не успеал да постигне гол во сите шест натпревари по групи.

ПСЖ со 24 глови во првите пет кола е најефикасен клуб по групи во историјата на ЛШ. Досега тој рекорд беше на Борусија Дортмунд кои лани постигнаа 21 гол.

Уште еден рекорд во кариерата „лови“ и Кристијано Роналдо. Португалецот ќе се обиде да го престигне Меси во број на голови постигнати во групи во Лига на шампиони. Аргентинецот досега постигнал 60 голови по групи, а Роналдо еден помалку.

Барселона во вторник го дочекува Спортинг, а Реал еден ден подоцна со Борусија Д.

Стрелци по групи во ЛШ

60 – Лионел Меси (Барселона)

59 – Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид)

40 – Карим Бензема (Лион, Реал М.)

32 – Златан Ибрахимовиќ (Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Ј.)

29 – Раул Гонзалес (Реал Мадрид, Шалке)

Најмногу голови во групи ЛШ по сезони

2015/16 – 11: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

2016/17 – 10: Лионел Меси (Барселона)

2014/15 – 9: Луиз Адријано (Шактар)

2013/14 – 9: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

Најдобри стрелци во ЛШ 2017/18

8 – Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)

6 – Хери Кејн (Тотенхем)

6 – Висам Бен Једер (Атлетико М.)

6 – Единсон Кавани (ПСЖ)

6 – Нејмар (ПСЖ)

Најмногу голови по групи

24 – ПСЖ – 2017/18

21 – Борусија Д. 2016/17

20 – Манчестер јунајтед –  1998/99

20 – Барселона 2011/12

20 – Реал Мадрид 2013/14

20 – Барселона – 2016/17




Коментари

коментари