Категории

Немања Обрадовиќ добива македонски пасош и ќе игра за нашата репрезентација

Немања Обрадовиќ, кој наскоро треба да добие македонски пасош и да биде дел од нашата репрезентација, својата кариера, ја продолжува во Висла Плок. Српскиот бек, во тимот на Металург дојде од францускиот Валенс и неговите извонредни игри беа доволни од следната сезона за да се пресели во Полска, но како што вели од Металург заминал и поради недоразбирања со управата.

„Искрено, имав понуда и од многу поголеми клубови од Висла, но се одлучив на ваков потег, бидејќи ми е најбитно да имам поголема минутажа. Тренерот Лино Червар  сакаше да останам во Металург, но имав многу несогласувања со управата околу преговорите и условите, па на крајот сепак се одлучив да ја променам средината“, изјави Обрадовиќ за реномираниот „Балкан Хендбол“.

26-годишниот Обрадовиќ, кој настапува на централната бековска позиција својата кариера ја започна во Напредак, а има настапувано и во Јагодина и Металопластика.

Прегледи:
485
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
24.01.2017