Категории

Нена Мицева со најава на нејзината прва авторска песна „Кога си до мене“

За музиката и целокупниот аранжман се погрижи Дарко Илиевски. Видео записот и првата официјална песна на Нена Мицева, ќе можете да ги проследите многу наскоро, во месец Септември.

Во видео записот е опфатена приказна за далечните врски, колку треба да е силна љубовта за една врска да опстане. Дали партнерите ќе потпаднат под туѓите влијанија, или ќе си дадат поддршка еден на друг во било кој момент.

Пирамид продукција, работи на промоција на новите музички таленти на македонската естрада во најдобро светло. Таа спаѓа под раководство на Кристијан Шемко, кој всушност е млад режисер, кој никогаш не останал рамнодушен на уметноста која фасцинира.Токму тој, и целиот тим на Пирамид продукција стојат зад видео записот на “Кога си до мене”, Нена Мицева.

За изгледот на Нена, се погрижи Емилија Ангеловска, модно студио Матра. Додека пак, за време на сетот фотографираше Стефани Павловска. Спотот е сниман на неколку локации низ Скопје, пред се Филм Кафе, Модно студио Матра, и сл.

Неодамна, исто така Нена ја објави својата преработка на “Едно тело”, на ДНК и Дарко Илиевски. Нена во иднина ветува уште многу свои, авторски песни, но тврди дека нема да се откаже и од преработката на веќе постоечки песни.

Прегледи:
651
Објавено на:
30.08.2017