Категории

Необична градинка во Германија во облик на мачка

Градинката Die Katze или во превод Мачка, е училиште за деца во  Wolfartsweier во Германија, кое како што кажува самото име е гигантна мачка.

Секојдневно децата влегуваат во градинката преку устата на мачката, во интересниот простор создаден со капацитет за 100 деца.

Изборот на архитектонски дизајн има доза необичност, што прилега за смислата на хумор и широчината на знаење на децата. Зградата е обликувана со цел да се имитира мачка в позиција за напаѓање, со своите уши исправени и изгледа како да е подготвена да се нафрли во секој момент.

Кружните прозорци на предната страна на имагинативната архитектура служат како очите на огромната мачка, додека опашката во задниот дел е всушност слајд. Внатре во детската градинка, сите вообичаени погодности се присутни, има училници, кујна, трпезарија и главна сала.

 

  

Прегледи:
465
Објавено на:
19.07.2017