Необична свадба во McDonald’s

Додека многу идни младоженци ја замислуваат својата свадба во некој луксузен ресторан или пак покрај море, овој пар својата свабда се одлучи да ја направи на многу поразлично место – во нивниот омилен ресторан McDonald’s, каде и што се имаат запознаено.

Џозеф Шаптон и неговата нова сопруга Луиз, поканиле 30 гости во еден од рестораните на McDonald’s во Хертфоршир. Изненадувачки, младенците се едни од првите двојки во Велика Британија кои ја направиле својата свадба во McDonald’s.

Парот својот прв состанок го имал токму во овој ресторан за брза храна во 2012 година и оттогаш три пати неделно тие постојано јаделе таму. Тоа ги поттикнало да ја направат и својата свадба токму таму.

Вработените од McDonald’s се согласиле на нивниот предлог, а младоженците ги послужиле со Big Mac оброк и торта во форма на хамбургер и кока кола.




Коментари

коментари