Необични совети за како вашата коса побрзо да расте

Косата е најубавиот украс на секоја жена која ја презентира на посебен начин. Иако досега сигурно сте прочитале безброј совети за тоа како да ја негувате вашата коса за таа да расте здраво и тоа за кратко време, можеби сеуште не сте знаеле за некои од овие необични начини кои ние ви ги споделуваме.

Јадете зачинета храна
Капсаицинот е состојка која го поттикнува растот на косата а најмногу го има во зачинетата и лута храна.

Млеко од соја
Научно е докажано дека изофлавоните кои се наоѓаат во млекото од соја го поттикнуваат растот на косата. Млекото од соја има и други позитивни влијанија на организмот, па можете да уживате во него колку сакате.

Биотин
Доколку не ја внесувате доволно оваа состојка во организмот тогаш тоа значително влијае дали вашата коса ќе расте брзо. Биотинот може да се најде во доматите, морковите, зелената салата и блитвата.




Коментари

коментари