Неповторлива! И запомнета.

Да, дојде и тој ден. Дојде денот кога таа престана да се измачува себеси со реторичките прашања. Каде е? Со кого е? Која девојка љуби додека таа се обвинува себеси поради тоа што не е способна да биде негова? Некако повеќе не беше важно. Или да и беше, замина по водата. Го однесе бран, се помири со невремето. И што ќе смени кога би знаела? Што ако врне, кога не може да спречи? Само ќе се штити. Ќе седи и ќе гледа од далечина. Ќе посматра како капките паѓаат, ама нема да се навлажнува. Ќе гледа како улиците се претвораат во река и не можат да ја видат неа. Нема да постои таму. Ќе биде позади местото на злосторот. Ќе слуша насекаде. Зборуваат колку што можат. Кажуваат дека сите ги повредува, а најмногу сам себеси. Ќе биде тажна и среќна. Ама веќе нема да се двоуми. Стивна и таа болка, сеедно е сега. Се реши веќе, немаше назад. И колку повеќе слушаше, толку повеќе посакуваше никогаш да не беше дел од таа приказна со теглата во која тој збира скршени срца. Знаеше дека нејзиното го чува таму, само за да не се распадне и да го снема. Себично го држеше да се измачува, да биде доказ за неговата моќ, да ја покаже неговата слабост, да сфати светот дека тој е најслабата личност на овој свет. Личност која нема што да понуди друго, освен туѓи заробени души кои се потсмеваат на неговата распарчена. Беше еднаш, и никогаш повеќе. Тој стравуваше од таков заборав, се плашеше од ужасната неповторливост. А таа одлучи да биде токму таква. Неповторлива! И запомнета.

-Кристина Цонкинска, 2015

-Прочитајте повеќе на: https://www.facebook.com/devojkatasoledenosrce

 




Коментари

коментари