Категории

Нешта кои можат да го направат љубоморен

Според психолозите несигурноста е еден од најчестите причини за љубомора. Но без разлика на тоа колку самодоверба има вашиот партнер, некои ваши чекори можат да ја разбудат посесивноста и љубомората кај него.

# Ако флертувате со други мажи…иако флертот во основа е безопасен чин на забава, сепак верувајте дека на вашиот партнер нема да му биде пријатно.

# Ако се смеете на туѓите шеги…ако некој каже нешто смешно нормално е дека ќе се насмеете. Но, ако постојано го споменувате неговото име пред вашиот партнер и истакнувате дека тој успева да ве насмее како никој друг, секако е дека ќе стане љубоморен.

# Ако постојано ги споменувате имињата на вашите машки колеги…тој секако дека сака да слушне детали од случувањата на вашето работно место. Но не значи дека ќе се одушеви кога премногу ги фалите и им се воодушевувате на машките колеги.

# Ако се допишувате со други мажи…особено ако станува збор за мажи кои сте ги запознале на социјалните мрежи или пак кога сте биле излезена без него. Тогаш може да се почувствува дека водите некој засебен живот во дигиталниот простор.

# Ако евоцирате добри спомени поминати со поранешниот…ако не сакате да помисли дека уште сте романтично заинтересирана за поранешниот, немојте да му раскажувате убави моменти од вашите заеднички дружења. Најдобро е воопшто да не го спомнувате.

Прегледи:
920
Објавено на:
23.02.2016