Категории

Невеста чекореше до олтарот со мажот кој живее со срцето на нејзиниот татко

Традиција е таткото да ја испрати ќерката до олтарот на денот на нејзината свадба. Џени Степиен немаше шанса да го доживее тој специјален момент, но дел од нејзиниот татко беше покрај неа.

Среќната невеста зачекори кон саканиот заедно со Артур Томас, мажот кој пред 10 години го доби срцето на нејзиниот покоен татко.

Таткото на Џени бил повреден во вооружен грабеж во 2006 година. Додека лежел на смртна постела, семејството одлучило да ги донира неговите органи, а Артур го добил срцето.

Артур одржувал контакт со семејството на Џени, но никогаш не се имале сретнато лице в лице.

„Кога мојот свршеник ми предложи брак, прво помислив кој ќе ме однесе до олтарот? Не можев да помислам на друга позначајна личност од Том“ – рекла Џени. Се разбира, Артур веднаш го прифатил предлогот.

„Тоа беше најдобриот ден во мојот живот“ – изјавила невестата. „Средбата со Том беше неверојатна. Тој е толку љубезен и добар човек. И мајка ми беше трогната од идејата и беше со став дека тоа е соодветен гест за да му укажам почит на мојот татко“ – дополнила таа.

02

03

04

Прегледи:
393
Објавено на:
09.08.2016