Категории

Нежни тетоважи кои се како насликани со сликарска четка

Нежни флорални татоважи, пастелни и меки бои, навидум уметнички дела.

Артист од Кореа дошла до идеа да користи нежни нијанси од розева, црвена, сина…за да ја преслика нежноста на цветот. Ова се бои кои се блиски на природата, таа избегнува да користи црно мастило и темни исцртувања на тетоважите, со цел да постигне природен ефект на тетоважата. Креативниот ум зад овие дела е Aro Tattoo или @tattooist_silo и таа сака нејзините дизајни да имаат совршено нежен финиш без груби линии.

Субтилни тетоважи кои ја портретираат љубовта кон природата и животните, имаат ефект како се насликани на платно со водени бои, а тоа ги прави уште поубави.

 

Прегледи:
498
Објавено на:
08.05.2017