Нежност и елеганција во новата невестинска колекција на Oscar de la Renta

Невестата според модната куќа Oscar de la Renta треба да изгледа елегантно, женствено и нежно а сето тоа на вистински начин успеаа да го доловат креативните дизајнери Лаура Ким и Фернандо Гарсија.

Модното дуо создаде вистински впечатлива колекција за Есен 2018 со доза на кралски елементи кои даваат впечаток дека оваа колекција е наменета за кралски невести или оние кои сакаат да се чувствуваат како такви.

Како и секогаш, преовладуваат препознатливите елементи како тул, чипка, везови, монистра и скапоцени камења што го надополнува целокупниот бајковит изглед. Поголемиот дел од венчаниците наликуваат како оние на принцезите додека се истакнуваат и несекодјенвни модлеи на комбинезони од сако и панталони.




Коментари

коментари