„Ќе помине и оваа ноќ“

Остави, не сакам да се сомневам дали си со некоја друга вечерва. Оваа вечер ќе се поштедам себеси од непотребна болка. Љуби каде сакаш, милувај која сакаш, изјавувај љубов колку сакаш. Јас!? Јас ќе поминам уште една непреспиена ноќ, ништо страшно. Ќе издржам да не ме побараш цела вечност. Навикнав. Се навикнува човек и да повредува, и да биде повредуван. Разликата е во тоа што оној кој повредува не ги знае последиците, а оној кој е повредуван беше ги научил напамет. Се навикнува и на тага и на среќа. А потоа му станува сеедно. Не е исто кога си спремен на најлошото и кога воопшто не го очекуваш. Јас сум од посилните. Ти ме подготви на се’. Ме направи да станувам малку по малку ладнокрвна кога се работи за тебе. Да го притискам сопственото его од ѕид и да попуштам пред судбината. Ти битно ќе си ја задоволиш сопствената суета од трофејот за освоени девојки. Ќе спиеш безгрижно без да размислиш дали јас утре повторно ќе бидам тука за тебе. Нема ниту да се сомневаш. Отсекогаш си го бирал полесниот пат. Но јас овојпат ќе го одберам потешкиот пат. За утре со тебе, добро ќе размислам!

-Кристина Цонкинска




Коментари

коментари