Норвешките фоки можат да уживаат ова зима, а можеби и засекогаш

За прв пат во Норвешка, после многу протести и петиции, ниту еден норвешки брод за ловење животни нема да плови по студените води оваа зима. Да бидеме појасни, ниту еден живот нема да биде загубен оваа зима со цел да се задоволат луксузите на некои луѓе.

„Играта заврши“, изјави Бјорне Квернмо, еден од морнарите за Норвешкиот весник. Тој ги обвини многуте фактори кои ги тераат морнарите да се одлучат за ваков чин-високите цени за производите добиени од крзното на овие слатки и неодоливи животни.

Оваа победа се должи благодарение на макотрпната борба од страна на организацијата ПЕТА, која низ безброј кампањи ја крена јавноста на нозе и посочи за сериозноста на овој проблем. Секој ден е вреден и секогаш може да се направи промена. Убавината не е во тоа да се задоволат единствено нашите потреби и барања. Понекогаш, туѓата среќа повеќе ни ги топли срцата, знаејќи дека токму вие сте придонеле за истата.




Коментари

коментари