Нов актуелен тренд: Неутрална шминка

Новиот тренд кој прво се прослави на модните писти кај ревиите на познатите модни куќи вклучува неутрална шминка, односно шминка која ги содржи природните бои на лицето.

Основата на шминката – подлогата и пудрата се користат во иста нијанса на природниот тен на лицето. Руменилото се нанесува на пределите на јаболкниците каде најчесто заруменуваат природно. На усните исто така се нанесуваат кармини и сјаеви во бојата која ја имаат. Што се однесува на очите, се користат сенки во земјени топли нијанси на беж, шампањ, кафеава и златна.

Овој вид на шминка е идеален за секакви прилики поради тоа што е минималистички и изгледа свежо и младо, и што е најважно одговара на секого.




Коментари

коментари