Нов СОЛВЕО предизвик за студенти – Што и да е проблемот, биди дел од решението

Солвео е платформа која ги спојува визионерските студенти со компаниите. Преку практични работилници им овозможува на студентите да работат на реален проект, а истовремено на компаниите им нуди иновативни решенија за нивните проблеми.

Со 4 успешни натпревари за домашни и странски клиенти, Солвео го објавува својот 5ти натпревар за студенти! “Овој пат нивниот проект е за стартап заедницата во Македонијa во соработка со SEEU технолошкиот парк во Тетово.”

Предизвикот на овој натпревар е да се креира најпрецизна дата база на Македонски стартапи и да се создаде дигитална платформа од истата. Целта на оваа платформа ќе биде да се поврзат Македонските претприемачи со потенцијалните инвеститори. Натпреварот ке се одвива во 8 работилници во текот на трите недели почнувајки од 21 април. За време на овој натпревар студентите ке се вмрежат со голем број на претприемачи, стартапи и инвеститори, а победничкиот тим ке добие награда од 30.000 денари.

Анализирање на пазарот претставува една од позначајните активности во водење на бизнисот, оваа анализа ке претставува почетна точка во креирање на финалното решение од страна на студентите. Сите заинтересирани студенти кои имаат познавање од  ИТ, Е-бизнис, Дизајн, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Електроника, Програмирање, Комуникации, Визуелни уметности, Вмрежување, Инвестиции, Претприемништво, Истражување можат да аплицираат. Дали сакаш твојата идеја да има придонес во стартап заедницата?Дали сакаш да го покажеш твојот талент? Пријави се!

Зошто да учествуваш на натпреварот?

-Стекни искуство
-Запознај нови луѓе
-Твојата идеја во пракса
-Работи на реален предизвик
-Истакни го твојот талент

Награда:  30.000 ден.(бруто за победничкиот тим)
Локација: NextGen CoWorking Space Skopje ул.Ленинградска 102г (позади Црвен Крст)
Отворени места: до 20
Апликацирајте најдоцна до  18.04.2017
Повеќе информации за натпреварот на Solveo.co




Коментари

коментари